На 21 Јуни 1978, Германија се соочи со Австрија во Кордоба на фудбалското светско првенство во Аргентина. За Хелмут Шон тоа беше 25-иот натпревар на светските првенство на кој тој беше одговорен за националниот тим и четврто фудбалско првенство – повеќе од било кој тренер во историјата на првенствата.
26 – е бројот на пасови кои беа употребени во перформансот кој го комплетираше Естебан Камбиасо, носејќи и на Аргентина 2-0 резултат во Ц групата на натпреварот против Србија и Црна Гора во Гелзенкирхен на фудбалското светско првенство во Германија 2006.
27 – Со нивните исклучителни индивидуални вештини и извонредна тимска игра, оваа генерација на унгарски фудбалери беа очекувано познати како “Златниот Тим” на ”Моќните Маџари”.
28 – Верувале или не, 28 црвени картони биле досудени на фудбалското светско првенство во Германија 2006, што е повеќе од било кое претходно издание на првенствaтa.
29 играчи од 19 земји ја имале честа да бидат водечки стрелци или да им асистираат на водечките стрелци на 20-те изданија на фудбалските светски првенства.
30 минути имаа поминато на часовникот на Стадионот Сеул на 31 Мај 2002 година кога Сенегалецот Папа Буба Диоп го постигна единствениот гол на натпреварот против Франција од А групата, искористувајќи ја предноста која му ја даде мешаницата меѓу Емануел Петит и Фабиен Бартез.
31 е бројот на градови низ целиот свет кои биле два пати во различни периоди домаќини на фудбалското светско првенство.
32 тима застанаа на стартните позиции на фудбалското светско првенство во Франција во 1998 година, кое е прво во престижната историја на првенствата во таков формат.
33 Швајцарија има учествувано на десет фудбалски светски првенства досега (1934, 1938, 1950, 1954, 1962, 1966, 1994, 2006, 2010 и 2014) натпреварувајќи се на 33 натпревари.
Повремено, некој постигнат гол станува легендарен – а извонредниот гол на Мануел Негрете во шеснаесетфиналето на фудбалското светско првенство во 1986 година каде Мексико играше против Бугарија е токму таков.