Имам дневни дебати сам со себе околу прашањето дали да се кандидирам за претседател, вели во интервју за „Гласот на Америка“ министерот за надворешни работи Никола Димитров.
Државната изборна комисија (ДИК) во пресрет на претстојните редовни претседателски избори во 2019 година веќе има изготвено детален оперативен план, а усвоени се најголем број од подзаконските акти што се потребни за спроведување на изборите.
Констатирано е мало подобрување на можностите лицата со попреченост непречено да ги остваруваат своите права за време на изборните процеси, што е мошне важно за нив, но недоволно за тие да бидат рамноправни со другите граѓани.
Канцеларијата на ОБСЕ за демократски институции и човекови права (ОДИХР) и Мисијата на ОБСЕ во Скопје денеска организираат конференција за промовирање на учеството на лицата со попреченост во изборниот процес.
Професорката Гордана Силјановска, преку нејзиниот профил на Јутјуб, се обрати по повод кандидатурата за претседател која ја доставила до конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Демократската унија за интеграција ги разгледува сите опции за претседателски кандидат. Разговорите се одвиваат во различни насоки, но се уште нема нешто конкретно, за да кажам кој пат ќе го одбереме – опцијата за кандидат од партијата или опцијата за кандидат кој ќе биде заеднички. Тоа ќе биде прашање што ќе се одлучи или дискутира во следните денови, но сите опции се отворени.
Вкупно девет кандидатури пристигнале до ВМРО-ДПМНЕ за претстојната Конвенција на која ќе се избира кандидат за претседател на државата