На 3.480 избирачки места во Републикава и на 32 во странство на шестите претседателски и предвремените локални избори за градоначалник на Охрид и Ново Село можат да гласаат 1.808.131 граѓанин запишани во избирачкиот список
Претседателските избори во земјава ќе ги следат 3.381 домашни и 520 странски набљудувачи, како и 289 преведувачи и 60 странски новинари акредитирани од ДИК
За шестите претседателски избори и предвремените локални избори во Охрид и Ново Село што се одржуваат денеска, избирачот може само еднаш да се појави на гласачкото место за остварување на своето избирачко право
Во канцеларијата на Народниoт правобранител денеска, на денот на одржувањето на вториот круг од Претседателските избори 2019, и предвремените избори за градоначалник за општините Охрид и Ново Село, во периодот од 7:00 до 19:00 часот ќе функционира беслатната телефонска линија: 0800-54321, на која граѓаните ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото право
Денешните шести по ред претседателски избори се спроведуваат на 3.480 избирачки места во Републикава и на 32 места во странство. Денеска се одржува вториот круг од претседателските избори во кој ќе се натпреваруваат кандидатите на СДСМ и коалицијата Стево Пендаровски и на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Гордана Силјановска Давкова
Заедно со вториот круг на претседателските избори денеска се одржува и втор круг од предвремени локални избори за градоначалници на Охрид и на Ново Село
Таа нагласи дека по добиените информации од општинските комисии денешниот изборен ден поминал во мирна атмосфера, без прекини во гласањето и без неправилности.
До 19 часот во 32 дипломатско-конзуларни претставништа своето гласачко право на шестите преседателски избори го искористиле 7.024 гласачи, односно 46,16 проценти од пријавените 1.781 гласач.
Во општините Дебар и Центар Жупа своето право на глас денеска го остварија 36 болни и изнемоштени лица, колку што и беа пријавени.
Во вториот круг од претседателските избори во општините Гевгелија, Валандово, Богданци и Дојран имаше пријавено за гласање 104 лица повеќе во однос на првиот круг, или точно 303 лица, кои денеска го искористија правото на глас