До 15:30 часот заокружено е гласањето на изнемоштени и болни лица од општините Крива Паланка и Ранковце, информираат од општинските изборни комисии
Без проблем гласаа болните и изнемоштените во четирите општини од Тиквешијата, информираа претседателите на општинските изборни комисии. Нивниот број е поголем отколку во првиот круг од претседателските избори
Во Велес и Велешко денеска во тек е гласањето од вториот изборен круг за претседателските избори за кои во овој регион до ОИК се пријавиле 84 болни и изнемоштени лица, за кои гласањето се спроведува во нивните домови
Во општините Струмица, Радовиш, Босилово, Василево, Конче и Ново Село денес гласаат вкупно 867 болни и изнемоштени лица, што во споредба со првиот круг на гласање е за 292 повеќе пријавени граѓани
Заврши гласањето на болните и немоќни лица во Штип, каде што со право на глас се вкупно 93 лица. Претседателката на ОИК-Штип, Сенка Андреева вели дека гласањето поминало без проблеми, а во споредба со првиот круг избирачките одбори денеска имаат дополнителни 33 болни и немоќни лица
Излезноста до 12 часот денеска во дипломатско конзуларното претставнишво во Белград е 20 проценти од пријавените 60 граѓани, запишани во посебниот извод на избирачкиот список во Амбасадата на Македонија во Белград
Граѓанската асоцијација МОСТ ќе ги следи утрешните избори со повеќе од 1.500 набљудувачи. На 1.160 гласачки места, избрани според случаен и репрезентативен примерок, ќе бидат распоредени исто толку набљудувачи со што ќе се покријат 33 проценти од вкупниот број гласачки места во Република Македонија
Избирачките одбори во Прилеп од Општинската изборна комисија го подигнаа изборниот материјал и без проблеми тече гласањето на болните и изнемоштените лица и на затворениците
Шеесет и седум стари, болни и изнемоштени лица на 33 избирачки места во Преспа денеска го остваруваат правото на глас во вториот круг од претседателските избори, што ќе се одржат утре
Гласањето на болните и изнемоштени лица во Берово, Делчево, Македонска Каменица и Пехчево се одвива без никакви проблеми