До 10 часот во 32 дипломатско конзуларните претставништа на нашата земја своето гласачко право на шестите преседателските избори го искористиле 7,71 процент од пријавените 1.781 гласач
Вкупно 134 болни и изнемоштени лица денеска ќе го остварат правото на глас во вториот круг од претседателските избори во Куманово
Вкупно 62 стари, болни и изнемоштени лица денеска ќе го остварат правото на глас во општина Струга на вториот круг од претседателските избори што ќе се одржат утре
Во три општини во гостиварскиот регион денеска гласаат 43 болни и пет лица кои се во домашен притвор
Во шестте општини на тетовскиот регион утре можност за гласање ќе имаат вкупно 181.933 граѓани со право на глас, на вкупно 265 избирачки места
Во општините Дебар и Центар Жупа своето право на глас денеска треба да го остварат 36 болни и изнемоштени лица
Во канцеларијата на Народниoт правобранител утре, на денот на одржувањето на вториот круг од Претседателските избори 2019, и предвремените избори за градоначалник за општините Охрид и Ново Село, во периодот од 7:00 до 19:00 часот ќе функционира беслатната телефонска линија: 0800-54321, на која граѓаните ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото право
Претседателските избори во земјава ќе ги следат 3.381 домашни и 520 странски набљудувачи, како и 289 преведувачи и 60 странски новинари акредитирани од ДИК
На полноќ заврши изборната кампања за вториот круг од претседателските избори и за предвремените локални што ќе се одржат во општините Охрид и Ново Село и започна изборниот молк
За шестите претседателски избори и предвремените локални избори во Охрид и Ново Село што треба да се одржат утре, избирачот може само еднаш да се појави на гласачкото место за остварување на своето избирачко право