Државната здравствена комисија пред 10 дена има испратено здравствен протокол до Државната изборна комисија (ДИК), но убаво е и ние политичките партии да изградиме заеднички ставови, рече денеска на прес-конференција лидерот на СДСМ Зоран Заев.
Парламентарните избори ќе се одржат на 15 јули. За овој датум, како што објави, лидерот на СДСМ Зоран Заев, е постигнат договор меѓу него и лидерот на опозициската Христијан Мицкоски, од кого очекува јавно да го потврди тоа.
Задолжително носењето на заштитна маска, држењето физичка дистанца, честата дезинфекција на рацете и проветрување на просториите, се дел од правилата кои треба да се почитуваат во целокупниот изборен процес и на денот на гласањето, кој со оглед на истекувањето на вонредната состојба, треба да биде на 5 јули, но за кој нема согласност од опозициската ВМРО-ДПМНЕ
По завршувањето на вонредната состојба, според законската регулатива, треба да бидат продолжени изборните дејствија за предвремените парламентарни избори. Ако изборите се одржат на 5 јули, согласно роковите, денеска треба да почне изборната кампања, односно 20 дена пред денот на гласањето
Комисијата изготви протокол и тој е доставен до ДИК, но ние не можеме да проектираме во кој период може да има избори. Никој, никаде не го прекинал изборниот процес поради ковид
По завршување на четвртата вонредна состојба и непрогласување нова, течат роковите за предвремените парламентарни избори, кои првично требаше да се одржат на 12 април, но поради корона кризата беа пролонгирани
Претседателот на Собранието Талат Џафери им порачува на лидерите на политичките партии да постигнат консензус за датумот на одржувањето на предвремените парламентарни избори, а потоа вели тој ќе си ја исполни неговата уставна обврска да ги распише изборите.
Датумот за Парламентарните избори 2020 ќе биде одреден по завршување на вонредбата состојба и уредбата со законски сила што тогаш треба да ја донесе техничката Влада, предводена од Оливер Спасовски
Државната изборна комисија (ДИК) денеска на седница донесе заклучок за запирање на дејствијата за предвремените парламентарни избори што требаше да се одржат на 12 април постапувајќи по Уредбата со законска сила што ја донесе Владата на Република Македонија
Владата на Република Македонија на синоќешната 25 седница донесе Уредба со законска сила за прекин на сите дејствија за спроведување на изборите и за сите прашања поврзани со изборниот процес, соопшти владината прес-служба