Владата на Република Македонија на денешната 25 седница донесе Уредба со законска сила за прекин на сите дејствија за спроведување на изборите и за сите прашања поврзани со изборниот процес.
Се надевам дека надлежните навреме ќе донесат одлука која што ќе не упати како да постапуваме понатаму која што ќе не упати како да постапуваме понатаму
Државната изборна комисија на денешната 65-та седница на јавна ждрепка го утврди редоследот на кандидатските листи на гласачкото ливче за избор на пратеници во Собранието.
Државната изборна комисија денеска ќе ја одржи 65-тата седница на која, ќе ги разгледува и ќе одлучува по поднесени листи на кандидати за пратеници во Собранието на Република Македонија.
Во следните два до три дена експертскиот тим формиран по вчерашната лидерска средба кај претседателот Стево Пендаровски треба да предложи правно решение за одлагање на изборите закажани за 12 април во ситуација на ширење на корона вирусот
Обединета македонска дијаспора (ОМД) се приклучи на повиците за одлагање на предвремените парламентарни избори „поради коронавирусот и виталноста да се справиме со епидемијата“, но упати и критики до ДИК поради јавно споделување на лични податоци на речиси осум илјади иселеници при регистрацијата за гласање во странство.
Државната изборна комисија (ДИК) ќе продолжи со работа се додека не биде донесена друга одлука во врска со предвремените парламентарни избори, истакнаа денеска на седница членовите на Комисијата.
СДСМ, ДУИ и опозициската ВМРО-ДПМНЕ вчера излегоа пред јавноста и соопштија дека се подготвени за одложување на предвремените парламентарни избори закажани за 12 април годинава
Според резултатите од анкетата ВМРО-ДПМНЕ ја зголемува предноста пред СДСМ, односно за ВМРО-ДПМНЕ би гласале 24,1% од испитаниците додека за коалицијата СДСМ и БЕСА би гласале 21,5% од испитаниците.
Врвен приоритет е здравствениот систем да функционира, како и производството во целина, посебно на храна, лекови, вода, енергија и сл.