Либерално-демократската партија ги повикува политичките партии на утрешната лидерска средба да ги одложат парламентарните избори кои треба да се одржат на 12-ти април и да закажат нов термин за месец октомври.
Беса е за избори по елиминирањето на вирусот Ковид-19
Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски потврди дека шефот на државата утре во Вила Водно ќе биде домаќин на средба на лидерите на парламентарните политички партии СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, ДПА, Беса, Алтернатива и Алијанса за Албанците.
Поради новонастанатата ситуација со епидемијата на коронавирусот, а тргнувајќи од грижата за јавното здравје, политичката партија Левица ја известува јавноста дека бара програсување на вонредна состојба од страна на Претседателот на Република Македонија и одлагање на распишаните Предвремени парламентарни избори
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Хрситијан Мицкоски на прес-конференција соопшти дека телефонски разговарал со претседателот на државата Стево Пендаровски од кого побарал лидерска средба за одложување на изборите
Лидерот на ДУИ Али Ахмети денеска преку соопштение најави дека партиски приоритет е јавното здравје и справување со коронавирусот, и оти би прифатиле одложување на изборите и кампањата
Строго почитување на мерките и препораките за заштита од ширање на коронавирусот, а во таа насока и одложување на претстојните парламентарни избори закажани на 12 април побара претседателот на СДСМ Зоран Заев
Во услови на опасна пандемија на корона вирусот, во услови на немоќен здравствен систем кај нас, во услови кога Европа ги затвора границите, крајно несериозно и опасно е да се изведува масовната изборна операција. Изборите не смеат да бидат поважни од животите на граѓаните
Сите препораки на релевантните домашни и светски организации се дека најдобар одговор за справување со вирусот е одбегнување на активности
Државната изборна комисија денеска, а најдоцна утре треба да ги потврди кандидатските листи на коалициите и политичките партии за учество на изборите на 12 април