Во Македонска Каменица до 15 часот своето гласачко право го искористиле 38,84 отсто од гласачите
До 15 часот најгoлема излезност на гласачите во Струмичко-Радовишкиот регион е забележана во општина Струмица со 34 отсто од вкупно запишани 49.341 избирачи во Избирачкиот список
До 15 часот во општина Крива Паланка на гласање излегле 50,78 отсто од вкупниот број граѓани со право на глас
Изборниот процес во Прилеп тече мирно и непречено, потврдуваат од Општинската изборна комисија
Излезеноста во Кавадарци до 15 часот е 40,5 отсто, Росоман 32,33 и Демир Капија 42,52 проценти
Одѕивот на гласачите до 15 часот е 31,78 отсто, соопштија од Државната изборна комисија попладнево на прес-конференција. Обработени се податоците од 3.435 избирачки места на кои гласале 576.576 граѓани
Во пелагониските општини Могила и Новаци, кои територијално припаѓаат на Изборната единица-4, изборниот процес се одвива непречено и без забелешки
Во општините Ресен и Демир Хисар изборите се во тек, а граѓаните непречено го остваруваат правото на глас и избор
Американската амбасадорка Кејт Мари Брнз изразува задоволство од учеството на граѓаните во изборниот процес за денешените предвремени парламентарни избори
Во Штип на 80-те избирачки места излезноста е 32,76 отсто. Претседателката на ОИК-Штип, Сенка Андреева информира дека гласањето на изборите се одвива без проблеми