Граѓанската асоцијација МОСТ досега не регистрира неправилности на гласачките места на коишто имаат нивни набљудувачи, беше истакнато на денешната прес-конференција на МОСТ
Во периодот од 11.00 до 12.00 часот во МВР биле пријавени следниве настани во врска со изборниот процес. Потенцираме, ова се добиени пријави по кои постапува МВР односно ја утврдува фактичката ситуација и откако ќе ги утврдиме фактите соодветно ќе ве информираме
Во Делчево и Берово гласањето за предвремените парламентарни избори се одвива мирно и без проблеми
Изборниот ден во општините Дебар и Центар Жупа минува во мирна, фер и демократска атмосфера, со постепено зголемување на одѕивот на гласачи, потврдија за МИА претсдателите на општинските изборни комисии
До 13 часот најгoлема излезност на гласачите во Струмичко-Радовишкиот регион е забележана во општина Струмица со 28,8 отсто од вкупно запишани 49.341 избирачи во Избирачкиот список
Од вкупно 45 989 гласачи регистрирани на Единствениот избирачки список, до 13 часот гласале 13 226 гласачи или 28,76 проценти на 84 избирачки места во Општина Велес
Според податоците на Државната изборна комисија, во Куманово излезноста до 13 часот e 22,16 отсто, во Липково 17,01, а во Старо Нагоричане 20,75 отсто
Неготино е општината од Тиквешијата во која најголем дел од избирачите излегле да гласаат до 13 часот, односно 33,44 проценти од лицата со право на глас кои се појавиле на избирачките места
Според последните податоци до 13:00 часот во гостиварскиот регион на гласање излегле 17.957 граѓани
Општина Тетово до 13 часот има најголема излезност од 19,63 отсто од своите 84.454 гласачи на 117 избирачки места од сите шест локални самоуправи на тетовското подрачје