До 13 часот излезноста на предвремените парламентарни избори е 23,81 отсто од обработени 3.368 избирачки места на кои гласале 432.026 граѓани, соопшти Државната изборна комисија на попладневната прес-конференција
На предвремените парламентарни избори денеска до 13 часот во Охрид на гласање излегле 28,27 отсто од лицата со право на глас
До 13 часот во основните јавни обвинителства и преку електронската адреса izbori@jorm.mk пристигнати се неколку известувања за евентуални изборни нерегуларности
Според податоците на Државната изборна комисија, во Куманово излезноста до 11 часот e 14,12 отсто, во Липково 10,45 отсто, а во Старо Нагоричане 12,72 отсто
Според последните податоци до 11 часот во гостиварскиот регион на гласање излегле 10.129 граѓани. Најголем одзив има во Општина Гостивар, каде од вкупниот број избирачи 79,945 гласале 7,997, што е приближна излезност од 10,00 отсто
Излезноста на гласачите до 11 часот според обработени податоци од 3.319 избирачки места од вкупно 3.480 изнесува 15,51 отсто
Општинските изборни комисии од Битола, Демир Хисар и Ресен информираат дека изборниот процес во овие подрачја се одвива без проблеми и демократски
Гевгеличани до 11 часот ја удвоија излезеноста на вонредните парламентарни избори во однос на 9 часот
Во Пелагониските општини Могила и Новаци кои територијално припаѓаат на Изборната Единица-4, непречено се одвива изборниот процес
Од обработени податоци од 31 од вкупно 47 избирачки места во Општина Крива Паланка излезноста до девет часот изнесува 11,46 отсто, информира претседателот на Општинската изборна комисија Крива Паланка, Душко Арсовски.