Според податоците на Државната изборна комисија во Куманово излезноста до 9:00 часот e 6,32, во Липково 1,81, а во Старо Нагоричане 6, 29 проценти. Право на глас во Куманово имаат 92.167 гласачи, информираше денеска претседателот на ОИК Куманово Драган Јовановски.
Текот на гласањето во општините Дебар и Центар Жупа минува без проблеми, со почтување на протоколите, но со слаб одѕив на гласачи.
Во изминатите два часа од отворањето на 37 избирачки места во општина Гевгелија, правото на глас го искористиле 1.926 граѓани или 10,08 отсто, соопшти претедателката на ОИК, Роберта Јанчева.
Гласањето во Кичево се одвива без проблеми на сите 113 избирачки места кои се отворени на време во седум часот, информира преседателката на ОИК, Антигона Сефери.Во Кичево право на глас имаат вкупно 50.410 граѓани запишани во Избирачкиот список.
Во малешевските општини Берово и Пехчево без проблеми тече гласањето за Предвремените парламентарни избори. Според информациите на Мишо Догазански претседател на Општинската изборна комисија во Берово, во оваа општина се гласа на 16 избирачки места каде утрово навреме започнало гласањето.
Во Дебар и Центар Жупа во седум часот се отворенисите 43 гласачки места каде до 21:00 часот своето право на глас треба да го остварат 25.825 граѓани.
Во општините Гостивар и Врапчиште утрово се отворени сите избирачки места и изборниот процес почна навреме, информираат од општинските изборни комисии.
Сите 89 избирачки места во Општина Охрид се отворени навремено и гласањето на 10-тите парламентарни избори се одвива непречено. На предвремените избори право на глас имаат 52.510 граѓани на Охрид вклучувајќи ги и нашите иселеници, со тоа што тие ќе можат да гласаат само доколку лично се појават на гласачкото место каде се впишани.
Точно навреме во 7 часот се отворени избирачките места во Прилеп каде денеска своето право на глас може да го остварат 64 004 граѓани. Гласањето почна непречено и без проблеми со спроведување и почитување на мерките за заштита, информираат од општинската изборна комисија.
Во Пелагониските општини Могила и Новаци кои територијално припаѓаат на Изборната Единица 4, точно навреме почна изборниот процес.