Гласањето на локалните избори започнува во 7:00 часот и трае непрекинато до 19:00 часот. Ако гласањето биде прекинато подолго од еден час, тоа ќе продолжи за онолку време колку што траел прекинот, но не подолго од три часа
Правото на глас, денеска на ден пред изборите, го искористија 6710 од вкупно пријавените 7645 болни и немоќни, лица со Ковид-19, затвореници и лица во установите за вонсемејно згрижување, соопшти ДИК.
Општинските изборни комисии, рече, се известени од ДИК како да постапуваат ако се создаде редица – член од избирачкиот одбор треба да го спроведува редот и да ги пушта гласачите според тоа колку треба да бидат внатре односно онолку колку што има паравани.
Откако беа фатени во поткуп, залудни се обидите на СДСМ да креираат впечаток дека тоа го правеле ВМРО-ДПМНЕ.
Ова е четвртото издание на глобалните награди за жени во технологија “Women in tech Galobal Awards” (https://womenintech-awards.com), кое го организира меѓународна непрофитна организација Women in Tech, a кое ќе се одржи со свечена церемонија на 2ри ноември во Лисабон, Португалија.
Г.З. (59) и А.С. (63) од Скопје денеска околу 14 часот се приведени во скопската населба Даме Груев бидејќи давале пари во замена за глас на локалните избори односно вршеле кривично дело по член 162 од КЗ „поткуп при избори и гласање“, соопшти МВР.
Јавното обвинителство на Република Северна Македонија продолжува во континуитет да ги следи случувањата поврзани со изборниот процес, преку формираната привремена Комисија за следење на евентуални нерегуларности поврзани со извршување на кривични дела против изборите и гласањето од Кривичниот законик и други кривични дела кои би биле сторени при организирањето и спроведувањето на локалните избори
Основното јавно обвинителство Делчево постапува по примено известување дека на 29.10.2021, во штаб на политичка партија во Македонска Каменица, кандитат за советник дал 1000 денари на лице со избирачко право за да гласа за определена политичка партија
Вториот на гласање за градоначалник на локалните избори во општина Гостивар започна со изјаснување на 123 граѓани кои претходно се пријавија како болни и немоќни. Барањата на седум лица, комисијата ги одбила
Гласањето на вториот круг од Локалните избори на болните и немоќните, лицата со Ковид-19, затворениците и лицата во страските домови минува непречено и без проблеми, информира денеска на прес-конференција портпаролката на Државната изборна комисија (ДИК) Љупка Гугучевска