Јасно стоиме на пораката за заеднички настап и меѓусебна поддршка на овие локални избори. Локалните избори се избор на личност и затоа на граѓаните им даваме широка лепеза на избор на кандидати за градоначалници и советници, најави денеска премиерот Зоран Заев.
Урбаната мафија царуваше и во Охрид за 4 години се изградија преку 600 дивоградби, кои се составен дел од регистарот на дивоградби на општина Охрид, дел од нив репрезентативни и се уште видливи.
Политичките партии веќе започнаа со објавување на дел од кандидатите со кои ќе настапат на претстојните локални избори.
Граѓаните и квалитетот на живот беа и продолжуваат да бидат приоритет на Демократската Унија за Интеграција во текот на сите овие години, а тоа го докажавме и продолжуваме да го покажуваме со конкретни проекти, соопштуваат од ДУИ.
Спировски додава дека уште од вчера најавиле дека покрај независни советнички листи, ќе бидат доставена и апликација за независен кандидат за градоначалник.
Пејачката со албанско потекло, Аделина Тахири ја искажа својата поддршка за Даниела Арсовска, кандидат за градоначалник на Скопје. Вели дека познавајќи ја Даниела, таа е вистинскиот избор за главниот град.
На прашањето дали очекува поддршка и од опозициската ВМРО-ДПМНЕ која се уште не го обелоденила персоналното решение за Град Скопје, Арсовска истакна дека не само од ВМРО-ДПМНЕ туку очекува поддршка и од сите други политички партии, како и од сите скопјани и организации кои сакаат почиста средина и по среден град.
Во однос на реализација на проектите и предизборната кампања за која не сакаше да открива се уште детали, Арсовска истакна дека сите проекти се со рок, а нејзина цел е програмата да ја реализира за две години, а не како што тоа се прави сега на крајот од мандатот, нагласувајќи декa очекува победа.
4 години низ Кисела Вода гледаме бетонизација, дотрајани и ископани улица, канализациони и водоводни системи без капацитет, уништени паркови, напуштени и девастирани објекти и игралишта, кажа Ѓеоргиевски.
Вицепремиерот за борба против корупцијата и генерален секретар на СДСМ Љупчо Николовски ги соопшти имињата на кандидати за градоначалници, утврдени на синоќешната седница на Извршниот одбор на партијата.