-Ние ќе предложиме своја програма која е готова. Имаме проекти од областа на инфраструктурата, социјалата и туризмот кој ни е главен фактор во изборната кампања, додаде Митревски.
Стојановски информира дека неговата кандидатура како независен кандидат за градоначалник е потврдена и дека за само неколку часа собрани се повеќе од потребниот број на потписи во канцеларијата на Државна Изборна Комисија.
Државната изборна комисија ги известува граѓаните дека јавниот увид во Избирачкиот список почна денеска и ќе трае заклучно со 9 септември во 24 часот.
Јавниот увид на Избирачкиот список за локалните изборите почнува денеска и ќе трае до 9 септември. Државната изборна комисија (ДИК) од денеска на увид ја става новата состојба на податоци на Избирачкиот список, што ќе се користи на денот на изборите.
Во Подрачното одделение на ДИК во Карпош, во влезната врата на објектот, ставена е пристапна рампа која ќе овозможи пристап во објектот.
Продолжува собирањето потписи и за советничките листи за општина Могила, со носителот Борче Бучиновски, за Сејдо Селиов и листа на кандидати за членови на совет на општина Виница, за советничката листа за општина Чешиново-Облешево со носителот Франческо Наоков.
Ова се кандидатите кои ќе ја сочинуваат новата генерација на луѓе кои ќе настапат на политичката сцена и ќе го креираат развојот на општините во нашата земја.
Јавниот увид на Избирачкиот список за локалните изборите ќе започне утре и ќе трае до 9 септември. Тогаш ДИК на увид ќе ја стави новата состојба на податоци на Избирачкиот список, што ќе се користи на денот на изборите.
Граѓанската коалиција на ЛДП и ДОМ на локалните избори во Гевгелија за свој кандидат за градоначалник ќе го номинираат бизнисменот Виктор Петков.
Генералниот секретар на Алијанса за Албанците Арбен Таравари вчера изјави дека се во тек преговори за заеднички настап на изборите, а најверојатно идната недела ќе потпишат и договор за соработка. Исклучи секаква можност за соработка со ДУИ за Скопје, бидејќи партијата на Али Ахмети ќе коалицира со СДСМ.