Потпретседателката на ДИК, Дитмире Шеху, во својот говор по однос на потребата за усвојување на Акцискиот план за ИКТ стратегијата на ДИК за периоодт 2021-2024 година, истакна дека е најважно формирање на координативно тело за ИКТ стратегија и безбедносни прашања.
Граѓанската иницијатива „Зелен хуман град“ од денеска официјално го почнува процесот за собирање потписи за нивната независна листа за претстојните локални избори.
Имам план, визија и програма за заедно со граѓаните да ја направиме Општина Гази Баба подобро место за живеење, вели кандидатот за градоначалник за општина Гази Баба од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Бобан Стефковски.
ВМРО-ДПМНЕ на овие локални избори излегува со најголем процент на комплетно нова генерација на политичари кои ќе создадат една нова понудата на ВМРО-ДПМНЕ за она што им е потребно на граѓаните во секоја општина, пред се’ просперитет, повеќе пари, сигурност и можности за создавање на иднина.
На социјалните мрежи поддршка се бара и за граѓанската иницијатива „Независни за Карпош – за заштита на Карпош“, а пролетта во Охрид беше промовирана уште една група граѓани кои се очекува да собираат потписи за кандидирање на локалните избори на 17 октомври.
Граѓанската иницијативата „Шанса за Центар" од утре ќе собира потписи за учество со независна граѓанска листа за општина Центар за претстојните Локални избори.
Нема да има нови измени на Изборниот законик пред локалните избори на 17 октомври, иако партиите подолго време разговараа за нив. Ова денеска го најави премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев, повикувајќи се на разговор со претседателот на Собранието Талат Џафери.
Листите на кандидати за членови на советот и листата на кандидат за градоначалник на општината, овластените претставници на предлагачите ги доставуваат до ОИК.
Ова на денешната прес-конференција го изјави претседателката на ДКСК Билјана Ивановска, информирајќи за активностите на Антикорупциска во врска со Локалните избори 2021 година.
Тој потенцира дека договорот ги опфаќа и услугите што компанијата треба да ги испорача кон Комисијата во наредните четири години.