Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски, на денешното гостување на ТВ Сител најави дека ќе ги промовираат кандидатите на средината на август.
СДСМ спротивно на Изборниот законик ја почнува кампањата предвреме, свесни дека ќе изгубат прават криминал.
Лидерот на СДСМ и премиер Зоран Заев соопшти дека договорил соработка за локалните избори со претседателот на ДПА, Мендух Тачи
Предлог-датум за локалните избори останува 17 октомври согласно Изборниот законик, но засега е неизвесно дали за изборот на советници ќе има отворени листи, бидејќи за ваквиот концепт ќе се дискутира откако Собранието ќе ги донесе измените во Изборниот законик
Датумот на локалните избори останува 17 октомври согласно Изборниот законик. Поклопувањето на пописот со кампањата за изборите нема да промени ништо, а можно е пописот и порано да заврши
На новинарско прашање во врска со кандидатот за градоначалник на Битола, претседателот на СДСМ Заев одговори дека првите истражувања покажуваат фаворитска основа и за сегашнаа градоначалничка и за уште неколку квалитетни луѓе.
Граѓаните се светост и само тие определуваат кој треба да биде избран за градоначалник и затоа ние ги селектираме најдобрите можни кандидати, истакна премиерот Зоран Заев и прв човек на партијата на власт СДСМ, а во врска со амбиентот пред престојните локални избори
Ние сме владина коалиција со повеќе политички партии, посочи, а најголем коалициски партнер на СДСМ е ДУИ, но тука се и партнерите БЕСА и ДПА од албанскиот блок и 24 партии од Коалицијата „Можеме“.
Тој не сакаше да коментира ништо во врска со средбата на лидерите на СДСМ и на ДУИ Зоран Заев и Али Ахмети, затоа што, како што истакна, не се познати детали од тоа што договориле двајцата лидери.
СДСМ е согласен датумот на локалните избори да биде 17 октомври, како што бара ВМРО-ДПМНЕ, ако за тоа се договорат сите партии, порача вчера премиерот Зоран Заев, откако во средата опозициската партија се спротивстави на неговата идеја изборите да се одржат на 31 октомври и инсистраше терминот за нивно одржување да биде 17 октомври