Ние сме народна партија и местото ни е пред граѓаните, на плоштадите и улиците и тука е вистинското место каде што ќе ги презентираме нашите политики – Македонија за сите луѓе“, изјави вечерва лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски пред одржувањето на партиската трибина.
Градоначалник на Општина Ресен Живко Гошаревски ќе биде кандидат за уште еден градоначалнички мандат од редовите на СДСМ за претстојните локални избори
Актуелниот градоначалник на Охрид, Константин Георгиески, ќе биде кандидатот за градоначалничката функција на СДСМ и на претстојните локални избори предвидени да се одржат во октомври оваа година
До СДСМ, посочи Заев, беа поднесени 630 кандидатури за градоначалници и пет илјади кандидати за советници, преку можноста за самокандидирање и постапките на партијата.
В.д. директорот на Царинската управа Горан Сугарески попладнево на својот фејсбук профил објави дека ќе поднесе кандидатура во СДСМ за кандидат за градоначалник на Прилеп на претстојните локални избори.
„За жал би рекол тоа е одлуката на Левица и покрај сите понуди и апели да формираме еден голем опозициски блок, сепак тие на крај не може да избегаат од насоката на стопанот“, нагласи Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во емисијата „Заспиј ако можеш“ на Алфа телевизија.
Претседателот на општинската организација на СДСМ Центар Горан Герасимовски во партијата поднесе кандидатура за градоначалник на општина Центар.
Градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски ја поднесе кандидатурата и е официјален кандидат за градоначалник на Куманово на претстојните локални избори кои ќе се одржат наесен.
Градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин, денеска и официјално во просториите на ОО СДСМ Аеродром ја достави кандидатурата за уште еден мандат.
Актуелната градоначалничка на Битола, Наташа Петровска ќе оди на втор мандат за градоначалник. Ова денеска го изјави градоначалничката Петровска за емисијата „Директно“ на ТВ Тера.