Државната изборна комисија (ДИК) денеска на јавна седница ќе ги објави конечните резултати од првиот круг на изборите за градоначалници и советници во 80 општини и Градот Скопје
Секретарот за меѓународна соработка на СДСМ, Бојан Маричиќ, во гостувањето на дебата на Алсат Телевизија, кажа дека владејачката партија во вториот круг влегува со предност во 25 општини и дека е уверен во обединувањето на сите прогресивни граѓани во земјава.
Јас носев одлуки кои се покажаа исправни и целиот свет се поклони и даде респект за одлуките, истакна вечерва во Битола, премиерот Зоран Заев, на митингот на коалицијата „Најдоброто за мојата општина“, барајќи поддршка за кандидатот Христо Кондовски.
Во Куманово во вториот изборен круг останува актуелниот градоначалник Максим Димитриевски, кој на овие локални избори настапува како независен кандидат, а противкандидат во вториот круг му остана Оливер Илиевски, кандидиран од СДСМ.
Николоски рече дека граѓаните одлучуваат дали ќе владее влада со криминали и корупција или ќе се случат промени за нова иднина на Македонија.
-Во однос на надежите на нашиот политички опонент дека е возможно да направат пресврт во вториот круг, сметам дека е невозможно, затоа што јасна е волјата на луѓето и јасни се тенденциите кои се гледаат, вели Николоски.
Кандидатката за градоначалник на Градот Скопје поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска, во емисијата „Дебати“ на ТВ Шења изјави дека планира да го отвори Генералниот урбанистички план на градот Скопје пред граѓаните откако ќе биде избрана за градоначалник.
Николоски потврди дека иста е ситуацијата и со Охрид и со Битола и останати градови каде ВМРО-ДПМНЕ има предност.
Мицкоски ги повика во вториот круг да излезат граѓаните масовно и да дадат поддршка за кандидатот за градоначалник во Демир Хисар, порачувајќи дека клучот на промените е токму во граѓаните.
Мицкоски ги повика граѓаните на 31-ви октомври масовно да излезат и да не дозволат да им ја украдат иднината.