Во изјава за медиумите, Ковачевски рече дека како премиер во времето на енергетската и екномската криза поголем фокус имал на менаџирање на кризата отколку на решавање на персоналното однесување на поединците во владата.
Тој рече дека претседателот на државата мора да ја развива и економската дипломатија.
Не можам да најдам оправдание за етнотрибализам, етничка сеградација, картели на елити кои одлучуваат зад затворени врати за нас. Дури и за формирање на влади се договараат за амнестија на воени злосторства или за некакви отстапки. Тоа не е начин, на кој една нација се гради.
Кочењето на европската интеграција е најголемото предавство што може кој било политичар или политичка партија да го направи кон сопствениот народ.
За содржината на платеното политичко рекламирање се одговорни нарачателите, но радиодифузерите се одговорни за законитоста на неговото емитување.
Николоски посочи дека затоа казната на неговиот противкандидат ќе му стигне на осми мај, на него и на сите кои што му прават кампања.
Стево Пендаровски, актуелен шеф на државата, кој се трка за уште еден петгодишен мандат на претстојните претседателски избори во интервју за МИА вели дека зад себе има мандат без дамки и смета дека тоа го препознаваат мнозинството од граѓаните.
Мицкоски додаде дека е време да се врати надежта и повторно да се обнови Македонија.
Кампањата за претседателските избори влегува во шестиот ден. Кандидатите за претседател и денеска имаат закажани митинзи и средби со граѓани на кои ќе ги претстават своите изборни програми.
Сакам да ги предупредам граѓаните, додаде Мицкоски, да не подлегнуваат на црните кампањи на власта кои ги надминуваат дури и најмрачните помисли за лудилото кое може да го достигнат.