Го подигнуваме ова наше финално патување на почетокот на пролетта. Кога природата се буди, кога сонцето почнува посилно да сјае.
Додаде дека битката не е само нејзина, туку е на сите и сака да ја изоди како народен трибун и да биде негов глас и повика на 24 април масовно да се излезе на гласање.
Во првиот негов мандат кој, рече, бил во прилично тешки години со пандемија и ненаклонет меѓународен контекст, и покрај сите околности земјава стана членка на НАТО.
Агелер во интервју за Клик Плус на ТВ 21 рече дека тие будно ќе ги следат изборите, но исто така будно ќе следат и дали има мешање од странство.
Кандидатот за претседател на Коалицијата предводена од СДСМ Стево Пендаровски во првиот ден од кампањата се сретна со жители на општините Кривогаштани и Крушево, каде упати пораки дека покажал дека е претседател на сите и оти така планира и да продолжи.
Тој посочи дека како колеги во македонското Собрание имаше прилика да соработува и сиот жар и став кој што професорката го имаше, беше исклучиво за Македонија и бранењето на македонските национални интереси.
Еве гледате како се собираме овде од цела Македонија, на првиот ден од кампањата да дадеме поддршка за ценетата професорка Гордана Силјановска Давкова практично победата на овие избори на Гордана ќе значи победа демократијата, победа на правниот систем, победа на правото
Муцунски истакна дека професорката Силјановска Давкова е антипод на тоа што е претседателот во заминување Пендаровски, за кого граѓаните нека размислат дали може да се сетат на еден него реализиран проект.
Претседателот мора да си ги знае надлежностите. За жал, сегашниот претседател воопшто не си ги знаеше надлежностите во делот на извршувањето на должноста Врховен командант на армијата, рече Драган Ковачки, носител на листата на пратеници во третата Изборна единица
„Денес ќе го имаме еден од најголемите собири кој што се случил во Македонија последниве години. Собир кој што ќе биде вовед на паѓањето на една лоша власт.