Коалицијата што ја предводи СДСМ ги достави листите за пратеници до Државната изборна комисија за парламентарните избори на 8 мај. Како што информираат од ДИК, доставени се листи за пратеници за сите шест изборни единици.
Најдоцна до полноќ политичките партии и коалициите треба да ги достават листите за пратеници до Државната изборна комисија (ДИК) за изборите закажани на 8 мај.
На централно собрание на Алијанса за Албанците (АА) во Тетово, крилото на Арбен Таравари ги избра кандидати за пратеници кои ќе бидат дел од заедничките листи на коалицијата „Вреди“.
Николоски истакна дека лекарите не им вршат услуга на граѓаните кога ги лекуваат, тие пред се лекуваат со Хипократова заклетва и заради тоа лекувањето не треба да се пренесе на во политиката злоупотребувајќи ги за изборна кампања.
Пратениците му дадоа „зелено светло“ и на Законот за изменување и дополнување на Законот за буџети, како и на Законот за изменување и дополнување на Изборниот законик со кој редниот број на претседателските кандидати ќе може да биде ист и за парламентарните листи.
Изборните листи утрово имавме состанок, веројатно во текот на денешниот ден ќе бидат поднесени. Значи, ќе бидат поднесени во законскиот рок. За тоа има задолжена служба во партијата, рече Ковачевски.
Како што додаваат од оваа партија, Колашинац ќе биде дел од изборната листа на Европскиот фронт за пратеници во Првата изборна единица.
Група хирурзи од Клинички центар се обратија со писмо во кое се осврнуваат на (не)доаѓањето на работа на Венко Филипче, односно неговото непојавување во матичната установа – Клиниката за неврохирургија.
Гордана Силјановска-Давкова, кандидатката за претседателка на државата на ВМРО-ДПМНЕ е во убедлива предност пред кандидатот на СДСМ и актуелен претседател на државата Стево Пендаровски.
Политичките партии кои учествуваат на изборите во среда, ден пред официјалниот почеток на изборната кампања, ќе потпишат Декларација за фер, слободни и демократски избори и против говорот на омраза.