Тој посочи дека е чесно да се појави во четвртата изборна единица и да биде носител на таа изборна единица.
Во Првата изборна единица носител на листата е лидерот на партијата Христијан Мицкоски, во Втората Владо Мисајловски, во Третата Драган Ковачки, во Четвртата Александар Николовски, во Петата Ѓоргија Сајкоски и во Шестата Дафина Стојановска.
Државата е во хаос, институциите се парализирани, апатија и разочараност се чувствува насекаде. Изгубена е довербата во политичарите, бидејќи народната волја е многупати изигрувана. Ништо не функционира.
Овие избори ќе бидат историски важни и клучни не само да се поправат работи и Македонија да се спаси од погрешниот пат и бездна кон која е тргната, туку и се и шанса за да се испрати порака на оние кои со децении ја разграбуваат Македонија.
Мицкоски додаде дека мора да не биде, затоа што овие избори се вистински, буквално вистински последниот час да победат пристојните луѓе, да победи разумот во Македонија.
Над нејзе се надвиснувале тешки предизвици. И не сакам да звучи на некакво предизборно клише, но овој пат Македонија минува можеби низ најтешкото време од своето создавање до денес
Минатиот викенд ја промовиравме програмата со 1198 проекти, денес ги претставуваме личностите кои секојдневно ќе бидат со вас, ќе ве информираат за сето она убаво што следува, а воедно и да ние сме со вас и да ве сослушаме.
„Доста е! Доста ни се национални предавства, газење на македонско национално достоинство, газење на Македонецот, распродажба на се што е македонско, пљачкање на државата, хаосот и безредието, доста е!
Николоски посочи дека ова не се обични избори и оти се најзначајните избори за граѓаните и за Македонија.
Сајкоски кажа дека дава завет дека ќе ја видиме Македонија достоинствено исправена и горда.