Тој исто така додаде дека главната заложба на ВМРО-ДПМНЕ на овие избори ќе биде самостојно да формира влада за да не зависи од никого и да направи суштински промени во Македонија.
Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ одржа седница, а во овие моменти привршува и седницата на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ каде се усвоени пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за наредните парламентарни избори.
Крилото на Алијанса за Албанците предводено од Зијадин Села на претстојните избори ќе биде дел од Европскиот фронт, коалицијата предводена од ДУИ. Одлуката, како што изјави Села, е донесена едногласно, на денешната седница на Централното собрание на партијата.
Претседателката на Унија на Ромите, Фатима Османовска и лидерот на Демократската унија за интеграции, Али Ахмети, денеска во општина Шуто Оризари го потпишаа коалицискиот договор за приклучување на Унија на Ромите кон Европскиот фронт предводен од Ахмети.
Претпоставувам дека тоа е начин на кој сакаат да нè заплашат, можеби сметаат дека ќе се спасат од одговорност за криминалите што ги прават. Ние не се плашиме и на сите ќе им порачам дека ќе одговараат од прв до последен, порача Николоски пред присутните.
Со распишување на претседателските и парламентарните избори, закажани за 24 април односно 8 мај, стапија во сила одредбите од Изборниот законик и мониторингот.
Ова беше истакнато пред денешната средба на високото раководство на ДУИ, предводено од Крешник Бектеши, Артан Груби и Фатмир Бесими, со претсдеателот на Стопанската комора, Бранко Азески и неговиот тим.
Актуелниот претседател и кандидат за уште еден мандат Пендаровски на 4 април со отворањето на изборниот штаб во центарот на Скопје ќе ја започне кампањата, а неговата Конвенција ќе се одржи на 2 април во салата „Борис Трајковски“.
Претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски денеска изјави дека пратеничките листи на коалицијата што ја предводат се креирани и одобрени од највисоките раководства на партијата, како и од страна на органите на партиите кои се дел од коалицијата.
Предизборна делегација на Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ), која ја заврши посетата на Македонија во периодот од 25 до 28 март, оценува дека периодот пред изборите е стабилен и се очекува изборите да ги исполнат демократските стандарди.