Со право на глас на Претседателските избори 2024 во Избирачкиот список се запишани вкупно 1.814.317 гласачи, а во избирачкиот список за Парламентарните избори се запишани 1.815.350 гласачи.
Првиот мандат на претседателот Киро Глигоров беше даден врз основа на избор од страна на Собранието на Република Македонија, согласно тогашните уставни решенија, а неговите наследници без бирани на непосредни избори.
Денешните двојни избори се 24-то изјаснување на граѓаните од осамостојувањето на државата. Ова се 11 парламентарни избори кои се спроведуваат истовремено со вториот круг од седмите претседателски избори.
На претседателските избори право на глас имаат 1.814.317 гласачи. Од нив, во изводите од Избирачкиот список за гласање во државата се запишани 1.713.758 избирачи.
На 3.480 избирачки места во земјава денеска во вториот круг од седмите претседателски избори можат да гласаат 1.814.317, а на 11-те парламентарни избори 1.815.350 граѓани запишани во Избирачкиот список.
Како што информираат од канцеларијата на Народниот правобранител, освен на бесплатната телефонска линијата, граѓаните ќе можат да пријават повреди на избирачкото право и лично во главната канцеларија во Скопје, што се наоѓа на улицата „Македонија“ бр.19
За вториот круг од претседателските избори и парламентарните избори на 8 мај акредитирани се вкупно 2246 набљудувачи, преведувачи и странски новинари. Најмногу акредитирани се домашни набљудувачи - 1303.
Во земјава денеска се одржува вториот круг од претседателските избори, на кои 1.814.317 граѓани со право глас ќе можат да се определат за еден од двајцата кандидати за шеф на државата - Гордана Силјановска Давкова и Стево Пендаровски, кои освоија најмногу гласови во првиот круг на 24 мај.
Во земјава денеска се одржува вториот круг од претседателските избори истовремено со парламентарните избори. Кандидати за нов претседател на државата се Гордана Силјановска Давкова, поддржана од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ и Стево Пендаровски, поддржан од СДСМ.
Гласањето на претседателските и на парламентраните избори започнува во 7:00 часот и трае непрекинато до 19:00 часот. Ако гласањето биде прекинато подолго од еден час, тоа ќе продолжи за онолку време колку што траел прекинот, но не подолго од три часа.