Во делот на европските интеграции Муцунски рече дека дилемата на граѓаните е што ќе се прави со спорот со Бугарија, но посочи дека ставот на ВМРО-ДПМНЕ е јасен, а тоа е дека нема уставни измени под вакви услови.
„Достоинство“ излегува од коалицијата предводена од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, соопшти денеска претседателот на партијата, Стојанче Ангелов. Тој информираше дека раководството донело одлука да ја прифати можноста да коалицира со ВМРО - ДПМНЕ
На 89. Седница ДИК донесе одлука да се објават описите на избирачките места на веб-страницата на ДИК и да ги информираат граѓаните за начинот на објавување.
Централното собрание на Демократска партија на Албанците (ДПА) синоќа го одобри предлогот на претседателот Мендух Тачи за учество во коалицијата Европски фронт предводена од Демократската унија за интеграција (ДУИ).
Политичките партии ги комплетираат листите за пратеници за претстојните парламентарни избори на 8 мај, а се финализираат и разговорите за коалициите за изборите.
Се обврзуваме дека прво што ќе направиме ќе ја укинеме онаа давачка од 200 денари за пристап на мрежа, која што е незаконска и е воведена од власта во заминување, на почетокот од оваа година. Верувам дека со ова значително ќе се подобри домашниот буџет на секое домаќинство.
Морам да кажам дека за економскиот тим беше голем предизвик да се направат проекциите за буџетот 2024-2028 година имајќи предвид дека владата на СДСМ и ДУИ ќе остави пустош во буџетот и речиси банкротиран буџет.
Левица ги има вистинските носители на пратеничките листи во шестте изборни единици, кои се воедно и единствените, од севкупниот избор, кои немаат нанесено штета врз државата.
Денес ВМРО-ДПМНЕ ќе ја промовира програмата Платформа 1198 која содржи точно 1 198 проекти и решенија кои се конкретен одговор за проблемите на граѓаните и нивните потреби.
Носител на пратеничката листа за пратеници во Шестата изборна единица ќе биде Небојша Захариески, претседател на општинската организација на Движење ЗНАМ – За наша Македонија во Тетово.