Носител на листата во Изборна единица 1 е Бобан Карапејовски, професор на Филолошкиот факултет на УКИМ, член на Извршниот одбор на Движењето ЗНАМ.
Подносител на листа, односно кандидат може да поднесе приговор за непочитување на одредбите од овој член, а Државната изборна комисија (ДИК) е должна да ги испита наводите, да постапи по поднесениот приговор и да ја образложи својата одлука во рок од 72 часа
Изборната кампања за претседателските избори закажани за 24 април годинава, започнува на 4 април во 00:00 часот и ќе трае до 24:00 часот на 22 април.
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски на денешната прес-конференција одговарајќи на новинарско прашање го потврди Ѓорѓија Сајкоски за носител на ВМРО-ДПМНЕ во петтата Изборна единица.
Во Радовиш има одлична атмосфера, вечерва имаме средба со сите наши активист, со тие кои се срцето на партијата. Да позборуваме со нив, да се организираме и да имаме успешна кампања.
Претседателскиот кандидат од Европскиот сојуз за промени, Арбен Таравари, денеска на прес-конференција го потврди ставот дека нема да коалицираат со партија која е против уставните измени и е против бришењето на дваесте проценти за албанскиот јазик.
Претседателот на ДИК, Александар Даштевски информира дека кандидатите Јакимовски и Таравари во рок од 48 часа треба да доставаат единствен даночен број и трансакциска сметка.
Во однос на информациите во јавноста дека наводно Лукаревска е преместена во третата изборна единица, а во втората се враќа Оливер Спасовски, Ковачевски децидно кажа дека „никој никаде не е преместен“.
Како што потенцира Османи во објавата, ги кани на заеднички ифтар за да се договораат за позитивна и конструктивна кампања.
Претседателскиот кандидат Стево Пендаровски, кој ќе се трка за втор мандат на изборите на 24 април ги кани неговите шестмина противкандидати на две мастер дебати, кои би се одржале на почеток и на крајот од изборната кампања, која почнува на 4 април.