За во изборната единица два, носител ќе биде Владо Мисајловски. Во изборната единица три, носител ќе биде сегашниот пратеник Драган Ковачки.
Преведено во бројки на национално ниво ако ја земеме за пример Изборната единица (ИЕ) 1, наместо досега потребните 1.000 потписи, со усвоените измени на независните ќе им требаат 3.372 потписа за да поднесат независна листа.
Предизвиците се големи, но и можностите се големи, битно е да биде вистинскиот човек на вистинска функција, порача вечерва кандидатот на ДУИ за претседател на државата и актуелен министер за надворешни работи, Бујар Османи.
На полноќ истече рокот за собирање потписи за кандидатите за претседател на претстојните избори, што почна на 23 февруари. Официјално во трка се седум кандидати за претседателските избори, чиј прв круг ќе се одржи на 24 април годинава.
Николоски додаде дека на ВМРО-ДПМНЕ му треба чист мандат, со голем број на пратеници. Ако е возможно и 61 пратеник со цел да не биде уценувано и секако политичката партија ДУИ да оди во опозиција.
Ние разговараме за измените на изборниот законик добри 6 месеци, измените ги разговараа два тима, од ВМРО-ДПМНЕ и од власта, затоа што измените мораа да бидат со консензус и во таа насока овие измени беа готови во октомври.
Во врска со тоа дали на кандидатските листи за пратеници ќе има зголемен број на жени, Ковачевски вели и во овој пратенички состав на СДСМ има поголем број на жени пратеници, отколку мажи.
Според нив, актуелните решенија повторно се на штета и на професионалните медиуми и на граѓаните. Еснафските организации остануваат на ставот, односно предлозите дадени во работните групи дека политичките кампањи не треба да се финансираат од државниот буџет.
Претседателскиот кандидат на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, во емисијата „On Time“ на ТВ Коха говореше за својата кандидатура за претседател на државата.
Собирањето потписи од граѓаните за кандидатите за претседател на претстојните избори, што почна на 23 февруари, ќе трае до денеска на полноќ.