Денеска завршува рокот во кој општините се должни да ги објават условите за добивање право за користење на местата за истакнување изборни плакати.
Актуелниот претседател Стево Пендаровски и професорката Гордана Силјановска Давкова викендов и официјално добија партиска поддршка за кандидатурите за претседател на државата, но и од граѓаните, откако ги собраа потребните 10 000 потписи.
Денес над 27 илјади граѓани, својот потпис го ставија позади кандидатот за Претседател на Република Македонија Гордана Силјановска Давкова.
Прес тимот „Претседател за сите“ на Пендаровски соопшти дека со одлуката на Конгресот, се заокружува широкиот фронт на поддршка од политички субјекти и граѓани за кандидатурата за втор мандат за претседател.
Таа дополнува дека народот легитимира и народот делегитимира.
Очекувам двојна победа. Имаме свои вредности и потенцијали и сме подобри од нив, порача актуелниот претседател Стево Пендаровски, откако вечерва на 27. Конгрес на СДСМ доби поддршка за нов претседателски мандат. Тој доби поддршка од 706 делегати за неговата кандидатура.
СДСМ вечерва на конгрес ја официјализира кандидатурата на Стево Пендаровски за втор претседателски мандат.
Во однос на кандитатурата на Стевчо Јакимовски од ГРОМ и Билјана Ванковска од Левица, Мицкоски вели нивната улога е да се обидат да го ослабат потенцијалот на Силјановска - Давкова.
Според динамиката за собирање потписи за нивна поддршка, ако се спореди со денешната динамика за Силјановска Давкова, тоа е неспоредливо.
Мицкоски порача колку помалку Стевовци има во Македонија толку подобро и за граѓаните и за државата, односно како што рече тој граѓаните на претседателските избори да му помогнат да се исели од државата.