Ковачки посочи дека тој не се согласно со тврдењата дека претседателот има само церемонијална улога, затоа што мисли дека во делот на одбраната и во надворешните работи претседателот и тоа како има своја надлежност.
Јанушев посочи дека на Македонија и е потребен претседател со интегритет, лидер кој ќе овозможи промени и напредок, потребно ни е лидерство, потребна ни е храброст и потребен ни е претседател кој ќе работи неуморно за да се изгради подобра иднина за сите.
На панел дискусијата се осврна и професорката Тања Каракамишева каде потенцираше дека многу малку знаат дека претседателот може да биде стожер на републиката, олицетворение, да биде лидерот, водачот по кој што ќе биде препознатлива државата.
Пратеникот Миле Лефков на денешната панел дискусија организирана од ВМРО-ДПМНЕ на тема „Претседател на народот, заштитник на сувереноста, Уставот и законите“ истакна дека важно е да се избере претседател кој има способност, квалитет, искуство и визија.
Потпретседателот Муцунски рече дека на денешната Конвенција ќе се понуди надеж и претседател кој ќе биде лидер на нацијата.
Пратеникот Петрушевски се осврна и на петгодишниот мандат на претседателот Стево Пендаровски.
Партијата Левица во објава на Фејсбук соопшти дека професорката Билјана Ванковска ги собрала потребните 10.000 потписи од граѓаните за нејзината кандидатура за претседател на државата.
Претседателот на ГРОМ Стевчо Јакимовски објави на Фејсбук дека ги собрал потребните 10.000 потписи за претседателската кандидатура.
Иницијатива за собирање потписи за кандидатура за Претседател на Република Северна Македонија, денеска е доставена до Државната изборна комисија (ДИК) од страна на актуелниот претседател Стево Пендаровски.
Актуелниот претседател Стево Пендаровски смета дека на земјава и е потребен избор на претседател како независна институција што се постигнува кога се избира на општи избори, отколку кога се избира во Парламентот.