Кандидатот на Левица, проф. Билјана Ванковска веќе собра над 9 000 потписи во рекордно време, со што станува јасно дека на овие избори, за прв пат, Левица ќе настапи со свој кандидат за претседател на Република Македонија.
Го осудуваме говорот на омраза кој се засилува како што се ближат изборите и апелираме за одговорно и цивилизирано однесување.
Пендаровски е победнички кандидат, близок со народот, ги споделува прогресивните вредности, со јасна визија за европска иднина на државата.
Министерот за образование и наука и член на Претседателството на Демократската унија за интеграција, Јетон Шаќири соопшти дека неговата партија уште не донела одлука кој ќе биде носител на листата за пратеници во Петтата изборна единица.
Тој во гостувањето во Дневникот на телевизија „Сител“ појаснува дека изборот е направен откако за кандидатурата за претседател е спроведена статутарна постапка, како и по направените анкети и сондажи во партијата врз основа на кои од раководството е префериран Пендаровски за кандидат.
Собранието на Република Македонија во рамки на 145 седница попладнево го изгласа Абдуш Демири за член на Државната изборна комисија. За одлуката гласаа 90 пратеници, без ниту еден глас против и воздржан.
Димитриевски додаде дека на барање на граѓаните, списоците ќе останат во општинските канцеларии на ДИК, потпишувањето да продолжи и во наредните денови.
Бошњачки демократски сојуз: Пет причини зошто Мерсиха Смаиловиќ е најдобриот кандидат за претседател
Според најновите објавени податоци на Државната изборна комисија (ДИК) заклучно со вчерашниот ден до 20 часот Османи имал вкупно 11 028, Таравари 10 083 гласови и Димитриевски 10 700 гласови.
Јавниот повик за проверка на податоците во Избирачкиот список за избор на претседател на 24 април и за избор на пратеници во Собранието на 8 мај започнува денеска и ќе трае до 18 март 2024 година до полноќ.