Претседателскиот кандидат на ДУИ и актуелен министер за надворешни работи Бујар Османи, вечерва објави дека ги собрал потребните 10.000 потписи потребни за претседателската кандидатура.
Лидерот на Демократското движење, Изет Меџити, откако го даде потписот за кандидатот на коалицијата “ВРЕДИ”, Арбен Таравари, се изјасни дека во Скопје се случува НАРОД!
Касами истакна дека има голем интерес кај граѓаните, но ограничувачки се капацитетите на ОИК Тетово бидејќи собирањето на потписи се прави во само една канцеларија, а доаѓаат луѓе од шест тетовски општини.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски смета дека на 3 март, за неколку часа, ќе бидат собрани сите потписи за поддршка на нивниот претседателски кандидат, професорката Гордана Силјановска Давкова.
Според најновите објавени податоци на Државната изборна комисија (ДИК) заклучно со вчерашниот ден вкупно 24.830 граѓани дале потпис за подносителите на кандидатура за претседател на државата.
За среќа, веќе триесет години мој професионален дом е најстарата европска институција, Советот на Европа. Мојата комуникација со Стразбур е поврзана со човековите права, владеењето на правото и демократијата.
Претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска-Давкова пред Државната изборна комисија ќе биде предложена со потписи од пратениците, но и со потписи од граѓаните, најави лидерот на партијата Христијан Мицкоски.
Претседателот на партијата Билал Касами со овластување на Централното собрание на партијата го избра Седат Сулејмани за шеф на избирачкиот штаб.
Државната изборна комисија, соопшти дека од денеска, се додека трае собирањето потписи, еднаш дневно ќе прави пресек на пристигнатиот број на потписи за секој подносител поединечно и истиот редовно ќе се ажурира.
Предлогот на ДУИ за избор на претседател на државата во Парламентот со двотретинско мнозинство, а кое го истакна и Арбен Таравари од Алијанса за Албанците, е неприфатлив за дел од политичките партии.