Државната изборна комисија соопшти денеска дека од утре, 25 февруари 2024 година, на својата веб страница, секојдневно ќе информира за бројот на собрани потписи за секој од подносителите на иницијатива за кандидат за Претседател на Република Северна Македонија.
Потпретседателот и портпарол на Демократската унија за интеграција, Арбр Адеми на денешната прес-конференција рече дека од сите политички партии очекува позитивно да одговараат на нивната идеја претседателот на државата да се бира во Собранието.
Според досега најавеното, на седмите избори за претседател на државата закажани за 24 април, во трка се вкупно 13 имиња за кандидати.
Во Изборниот законик да се стави преодна одредба според која, на претстојните избори, и во земјава и во странство, ќе може да се гласа со пасошите на кои пишува „Република Македонија“ доколку имаат важечки датум, предлага Државната изборна комисија.
Директорот на ААВМУ информираше дека веќе започнале со мониторинг на телевизиите што имаат над еден процент гледаност, односно петте најголеми терестеријални телевизии и неколку кабелски и сателитски телевизии.
Според него,сите места за собирање потписи биле отворени. Вкупно низ земјава има 34 подрачни единици, распоредени во сите поголеми градови, а во некои од подрачните единици има и по неколку вработени. Работното време е од 8 до 20 часот.
Силјановска Давкова истакна дека уште една од причините поради кои се нафати на кандидатура е дека за секој од нас е тешко да чуе дека однадвор имаат поголем респект за државата, отколку државата за своите граѓани и граѓаните јасно ја гледаат ситуацијата во која се наоѓа државата.
Постапката за собирање потписи за листи на кандидат за Претседател на Република Северна Македонија почна денеска и ќе трае до 8 март до 24 часот, потсетува Државната изборна комисија (ДИК).
Обраќајќи им се на функционерите на ДУИ, Дурмиши потенцира дека сите нивни постапки и соработки се типични за Русија и Србија, само што сега, како што рече, не можат да ги сокријат.
Кандидатот за претседател од политичката партија Движење ЗНАМ – За наша Македонија, Максим Димитриевски, денеска се потпиша за официјализирање на кандидатурата во просториите на општинската канцеларија на Државната изборна комисија во Куманово.