Партијата им се заблагодарува на граѓаните за поддршката на, како што наведуваат од ДУИ, нивната докажана визија за големи прогресивни достигнувања.
Мерсиха Смаиловиќ поддржана од Бошњачкиот демократски сојуз (БДС) е кандидатка за претседател на Република Македонија на Претседателските избори 2024. Доаѓа од приватниот сектор, во јавноста е позната како граѓанска активистка во борба за човековите права.
Кандидатката на Левица за претседател на државата Билјана Ванковска на денешната прес-конференција укажа на недоследности во постапката за собирањето потписи и побара еднаква можност за сите кандидати.
Кандидатурата на Османи ја објави претседателот на ДУИ Али Ахмети кој најави дека по изборите ќе се залага за уставни измени, за избор на претседател во Собранието и за впишување на Бугарите во Уставот. Во спротивно, како што рече, ДУИ нема да учествува во власта.
На првиот Конгрес на политичката партија Движење ЗНАМ - За наша Македонија што се одржа вечерва во Скопје е официјализирана претседателската кандидатура на Максим Димитриевски.
Ова е веќе почеток на кампања и секоја партија има легитимно право да изнесува предлози и идеи. Нашиот фокус е обезбедување на вториот мандат на Стево Пендаровски, кој треба да донесе стабилност, сигурност и европски пат.
До Државната изборна комисија (ДИК) досега се поднесени вкупно седум изјави за прифаќање на иницијатива за собирање потписи за кандидирање за Претседател на Република Македонија. Собирањето на потписи за листи на кандидат за претседател на државата почнува утре.
Коалицијата “Вреди” не се бори за утешни награди туку за чесна и реална улога на Албанците во политичкиот живот. Ахмети ако веќе не е способен да се бори за интересите на Албанскиот народ, чесно е да замине во политичка пензија.
Лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ) Али Ахмети во видео обраќање од седиштето на партијата во Мала Речица информираше дека Бујар Османи, актуелниот министер за надворешни работи ќе биде кандидат за претседател од ДУИ.
Таа изрази благодарност што во рекорден рок нејзините колеги и колешки ги собрале потребните 30 потписи, без нејзино знаење. Кандидатурата на Силјановска-Давкова допрва треба да се најде на конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ, по што треба да се достави до ДИК.