На близу три месеци до претседателските избори, граѓаните во земјава се уште не знаат за кого ќе треба да го дадат својот глас на 24 април кога треба да бидат закажани претседателските избори.
За изборот на седмиот член на ДИК, Даштевски во дневникот на телевизија Сител, рече дека е во интерес на државата за „да не оставаме црна дамка пред очите на ОБСЕ и меѓународната заедница“.
Тој на денешната прес - конференција по отворањето на поликлиниката во Сарај одговорајќи на новинарски прашања рече дека претседателот Пендаровски успешно го извршува својот мандат, но дека не може да прејудицира кој ќе биде предлог кандидат за следните избори.
Претседателот Стево Пендаровски најави дека одлуката дали ќе се кандидира за втор мандат ќе ја донесе најдоцна во втората половина од следниот месец.
Државната изборна комисија (ДИК) денеска ја одржа 72 седница на која беа разгледани повеќе точки, на која меѓу другото го усвои оперативниот план на стручната служба на ДИК за менаџирање избори.
Составот на техничката влада ќе го договараат лидерите на партиите, но откако за тоа ќе одлучуваат највисоките партиски тела.
Претседателот на политичката партија Левица, Димитар Апасиев, на следните парламентарни избори ќе се кандидира во првата изборна единица, соопштија денеска од Левица.
На претстојните избори политичката партија „Движење ЗНАМ – За наша Македонија“, предводена од актуелниот градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски, ќе излезе со свои кандидатски листи за пратеници во сите шест изборни единици,
Од личниот рејтинг и од рејтингот на потенцијалните политички поддржувачи, т.е. партиите кои би му дале поддршка, ќе зависи одлуката на претседателот на државата Стево Пендаровски дали ќе се кандидира за втор мандат за претседателските избори напролет.
Според Пендаровски, поддршката од политичките субјекти, но не помалку, ако не и повеќе, поддршката од граѓаните, ќе бидат клучни во носење на неговата одлука.