Не случајно тоа го правиме во Прилеп. Затоа што Прилеп е од огромно значење за сите нас, и ќе следи голем инвестициски циклус по завршување на изборите во кој што ќе се решат бројни инфраструктурни прашања во самиот град и во населените места кои што гравитираат кон градот.
Задутре гласајте за бројот 2, за професорката Гордана Силјановска Давкова, за ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Твоја Македонија.
Овие денови се клучни за да спречите нерегуларности, притисоци, купување на гласови, организирање на „Бугарски воз“ или нарушување на изборниот процес на кој било начин (насилство итн).
Бендевска рече дека Движењето ЗНАМ во оваа кампања веќе се етаблирало како нова политичка опција и сериозна алтернатива на СДСМ и ВМРО ДПМНЕ, по добиената сериозна поддршка од граѓаните во првиот круг од претседателските избори.
Благодарам за можноста да се обратам. Стигна и последниот ден од кампањата и навистина ми е драго за цела ова кампања што добивавме поддршка од сите страни.
За вториот круг на претседателските и за парламентарните избори зголемен е бројот на пријавени болни и немоќни лица, кои утре ќе ги посетат членовите на избирачките одбори за да гласаат во домашни услови.
Единаесетите парламентарни избори во земјава ќе се одржат во среда. Ова се редовни парламентарни избори што се спроведуваат истовремено со вториот круг од претседателските избори.
Она што го очекуваме на овие избори е да не може да се формира влада без Левица. Ова го истакна денеска Димитар Апасиев, претседателот на Левица и носител на кандидатската листа за пратеници од оваа партија во Првата изборна единица.
На прес-конференција во седиштето на партијата во Скопје, Димитриевски рече дека ќе ги причекаат изборните резултати во среда по што партиските тела ќе донесат одлука за сите понатамошни чекори.
Од вечерва на полноќ почнува изборниот молк за претседателските и за парламентарните избори, кој ќе трае до 19 часот на 8 мај