Додаде дека имало пропусти во нивната работа во изминатите тешки седум години.
- Не смее да дозволиме малцинство од криминалци да владее со мнозинството. Мафијата стана синоним за ДУИ и за СДСМ. Мафијата царува, додека народот пати. Време е за победа над мафијата. Не им се плашете, казнете ги, порача Стојаноска во нејзиното обраќање.
Во овој случај, бидејќи Европскиот фронт повеќе не е дел од претседателската трка во вториот круг од претседателските избори и бидејќи гласот на граѓаните за нас е свет и нивно право, Европскиот фронт наведува дека тоа е ексклузивна волја на граѓаните како што сакаат да го искористат ова право.
Во вечерашното гостување на Сител Телевизија, Даштевски појасни дека на претстојните двојни избори, гласачите ќе можат да се појават на гласачкото место само еднаш.
Не. Таа, прво, воопшто не смета на гласовите на Албанците и на другите етнички заедници, а особено на Албанците и второ, таа верува во тоа.
„Секаде каде што имаат носители на пратеничките листи, всушност имаат губеше во првиот круг од претседателски избори. Вклучително господинот Битиќи во своето избирачко место каде што има изгубено 82 спрема 64 за Гордана Силјановска Давкова“, нагласи таа.
Ниту размислувам, ниту на памет ми паѓа било каква коалиција со ДУИ по изборите наш иден партнер е условно кажано албанската опозиција во Македонија, рече Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ на гостување во телевизија АлсатМ.
Ќе се обраќам на сите гласачи, на сите етнички заедници. И гласачите на албанските политички партии и гласачите на ЗНАМ и на сите други, и на овие две други политички партии кои имаа кандидати, а испаднаа во првиот круг.
Имаме план, корупцијата за жал во Македонија има пандемиски размери. Во овие 6 и половина година достигна такви размери што слободно можам да кажам дека е на ниво на пандемија, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во гостување во Алсат-М.
Претходно, Давкова на социјалната мрежа X, објави дека ќе дебатира со празно столче на МТВ.