Истовремено мора да признам и да кажам дека не сум задоволен од тоа што поединци коишто се декларираат како опозиција ги убедуваат граѓаните дека тие требало да гласаат за нив, бидејќи тие секако ќе биле во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ.
Мицкоски посочи дека ќе има одговорност за криминалот и корупцијата.
Истакна дека пензионерите мора да имаат подобар живот и дека ќе се обидат за секој пензионер да имаа доволно финансиски средства за основни потреби.
Тој во интервјуто говореше и за однесувањето на ДУИ и нејзините фунционери во Владата и за перцепцијата на граѓаните за тоа, и притоа истакна дека не се работи за надмоќ оваа партија туку за несоодветно однесување на дел од функционерите на ДУИ.
Јас сега немам друга алатка освен зборот и треба да се верува на зборот и треба да се верува на зборот и желбата тоа да се направи.
После распадната држава, нема што реформско, почнуваме да ја градиме од почеток. Предизборната програма на ВМРО-ДПМНЕ е направена да ја градиме државата од почеток.
„Јас повикав на национално единство, антивладино единство и сите политички партии кои што се на македонската политичка сцена се декларираат како опозициски политички партии се добредојдени“, рече Мицкоски.
Мицкоски посочи дека ова го очекува од сите кандидати кои се претставува како антивладини, односно покрај Максим Димитриевски, и од Арбен Таравари и од Билјана Ванковска и од Стевчо Јакимовски.
„Јасен е принципот во демократијата, тој што ќе формира 61 пратеник, тој ја формира Владата. Барем така важеше во 2017-тата правилото“, потсети претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.
Свесен сум, подвлече, дека нашата инклузивност и концептот на едно општество за сите, често беше злоупотребувана од одредени политички сили и структури во земјата, за лична корист.