„Политичкиот живот во таа балканска држава со 1,8 милиони жители со години е заглавен во дискусијата дали да се почитуваат барањата на ЕУ, особено оние на соседна Бугарија“, која веќе е членка на ЕУ, посочува агенцијата, пренесува Бета.
Во Општина Штип гласањето на 74 избирачки места тече без проблеми и излезноста на избирачите до 13 чадот е 31 процент од вкупниот број на гласачи, вели за МИА претседателот на ОИК Штип, Виктор Вацев.
Притоа, Бојмацалиев беше брифиран за текот на изборниот процес, за активностите и мерките кои ги презема МВР во делокругот на своите надлежности.
Според податоците пристигнати досега до ДИК, најголема излезеност до 13 часот имало во општина Новаци (42,87 отсто), а најмала во Врапчиште 10,18 отсто.
АНА-МПА објавува дека речиси за сигурно се смета оти во денешниот прв круг кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ Силјановска ќе биде прва, а втор ќе биде кандидатот на СДСМ Пендаровски.
Денешниот изборен ден се одвива без поголеми нарушувања и нерегуларности, изјави јавниот обвинител Џељаљ Бајрами, претседател на Привремената комисија на Јавното обвинителство за следење евентуални кривични дела против изборите и гласањето.
Сите, без исклучок, посебна акцент ставаат на тоа дека во изборната трка за Претседател на државата, од седум кандидати двајца се Албанци.
Министерството за внатрешни работи досега нема регистрирано посериозни нарушувања на јавниот ред и мир во текот на гласањето, кое, генерално, се одвива мирно, без проблеми, изјави портпаролот на МВР Тони Ангеловски.
Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев денеска во Куманово информираше дека не се забележани поголеми нарушувања или инциденти од досегашниот тек на гласањето.
Досега посетив само две избирачки места и од утрово таму сè се одвиваше непречено. Но, ова се само две од многуте избирачки места, така што навистина не можеме да извлечеме заклучоци до крајот на денот