Светските новински агенции денеска известуваат за претседателските избори што се одржуваат по седми пат во Република Македонија.
Тој по гласањето во ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“ во општина Центар одговарајќи на новинарско прашање за екипираност на МВР, нагласи дека квалитативно и квантитативно бројките се како што треба.
Во сите 117 избирачки места во рамки на Општинската изборна комисија Тетово, од 07:00 часот, почна и нормално се одвива процесот на гласање за денешните претседателски избори, информираат од општинската изборна комисија Тетово. Во Општина Тетово ќе гласаат 86.309 граѓани
Во Штип утрово навреме се отворени 74 избирачки места, а гласањето се одвива мирно и без проблеми, информираше претседателот на Општинската изборна комисија(ОИК)-Штип, Виктор Вацев.
Сите избирачки места се навремено отворени, успешно стартуваше изборниот процес за претседателските избори, информираше утринава, претседателката на Општинска изборна комисија Неготино, Елизабета Камчева.
Сите 273 избирачки места во десетте општини во Југоистокот се отворени утрово во 7 часот, а право на глас во првиот круг на претседателските избори имаат 141.167 гласачи.
Во Кавадарци утрово навремено беа отворени гласачките места, се гласа за претседател на државата, информираше претседателката на Општинската изборна комисија, Емилија Петровска.
Оваа одредба од Изборниот законик е составен дел на Упатството на Државната изборна комисија за начинот на утврдување на идентитетот на гласачите.
Во 7 часот почна гласањето на првиот круг од седмите претседателски избори. Се гласа на 3.480 избирачки места во земјава, на кои до 19 часот правото на глас можат да го искористат 1.814.317 граѓани.
Првиот мандат на претседателот Киро Глигоров беше даден врз основа на избор од страна на Собранието на Република Македонија, согласно тогашните уставни решенија, а неговите наследници без бирани на непосредни избори.