За време на молкот, на 23 и на 24 април (до 19 часот), укажува АВМУ, запира медиумското покривање во вестите и во посебните-информативни емисии на учесниците во изборните кампањи и за Претседателските и за Парламентарните избори.
Во канцеларијата на Народниот правобранител, задутре од 7 до 19 часот, на денот на одржување на првиот круг за избор на Претседател на државата, граѓаните ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото право на бесплатната телефонска линија 0800 54321.
Ми јавуваат од терен дека градоначалниците на Пробиштип и на Крива Паланка вршат злоупотреби на институциите и вршат притисоци на граѓаните, истото се случува и од страна на Сања Лукаревска врши директна злоупотреба на институциите и во Берово и во Свети Николе.
На територијата на општина Струга во единствениот избирачки список регистрирани се 60 778 гласачи, кои ќе гласаат на 101 избирачко место.
Во општините Дебар и Центар Жупа утре во домашни услови правото на глас треба да го остварат 37 изнемоштени и болни лица, колку што и се пријавиле.
Николоски упати прашање до Венко Филипче дали со докторка или министерска плата се купува ауди од 250 илјади евра и од каде пари да гради огромна хациенда на Водно?
Уште истиот ден се јави Али Ахмети, нервозно одговарајќи, прозивајќи ме со навреди и доза на закани, но треба да знае дека неговите закани не само што не ме заплашуваат, туку и добро ме засмејуваат.
Карактеристично за овие избори е што тие наместо во недела, ќе се спроведат во среда, ден што Владата го прогласи како неработен.
Претседателските кандидати, како и кандидатите за пратеници и денеска со предизборни активности.
На седмите претседателски избори што ќе се одржат во среда право на глас имаат 1.814.317 гласачи. Од нив, во изводите од Избирачкиот список за гласање во државата се запишани 1.713.758 избирачи.