Носителот на пратеничката листа на коалицијата „Храбро за Македонија“ во изборната единица пет, Самка Ибраимоски, денеска заедно со активистката и кандидатка за пратеничка Ана Глигорова ја посетија Битола каде се потпишуваше петицијата „СТОП за извршителите и брзите кредити“.
Во општините Дебар и Центар Жупа, во единствениот избирачки список запишани се поголем број лица, отколку, што, според пописот од 2021 година, има резидентно население.
Во Избирачкиот список се запишани и во странство би требало да отпатуваат 191 лице кое во дипломатските претставништва и конзуларни канцеларии во вторник на 23 април ќе ги спроведат изборите.
Митрески истакна дека ни треба системски пристап, мерки кои се одржливи и кои даваат резултати, а не популистички и наменски решенија, кои само го уриваат системот.
Носителката на листа во шестата изборна единица од коалицијата „Твоја Македонија ВМРО ДПМНЕ“, Дафина Стојаноска во изјавата дадена во Гостивар напомена дека успесите во спортот не прават поделби и секоја нација ја прават горда.
Посочи дека како партија знаат да носат храбри и осмислени одлуки, а какошто вели тоа и го покажале.
Бесими објасни дека идејата на првиот столб „Еден премиер за сите“ е продолжување на тоа што досега остварено што претходно било презентирано како „Прв премиер Албанец во Македонија“.
Ја исклучи можноста за каква било соработка после изборите со актуелното раководство на СДСМ и посочи дека изминатите постапки на власта и опозицијата потврдувале дека помеѓу нив постоела соработка и покрај различните ставови изнесени во јавноста.
Денеска сум повторно во Ѓорче Петров заедно со пратеникот Бојан Стојаноски и со нашата кандидатка на пратеничката листа, Габриела Калкова и градоначалникот, Александар Стојкоски.
Вчерашниот митинг во Охрид покажа дека народот е подготвен и обединет за промени. А ВМРО-ДПМНЕ е партија за македонско национално единство.