Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од митингот во Охрид порача дека следува жесток одговор од народот на овие избори кон Артановци и Зечевиќи, им се ближи крајот.
Шест и половина години се на власт, што добро паметите од нив, освен гафови, предавства и криминални афери? – прашува Мицкоски.
Те молам - во името пак на моите свети чувства кон тебе - да не жалиш, ни да плачеш за мене. Најдоволен ќе се чувствувам, ако ти со своето држење бидеш за пример на другите мајки и сопруги”, напиша Христо Узунов.
За неколку дена ќе одлучите дали сме за интеграција или за изолација, порача вечерва кандидатот за претседател на државата од Европскиот фронт Бујар Османи пред кумановци.
- Доаѓам од Спомен куќата на Кочо Рацин, а овде туку што ги слушав и неговите стихови. Пред самиот почеток на овој митинг додека разговаравме со Димитар Апасиев тој рече „Нема револуција без поезија“. И вистина е така, а Велес е вистински пример за тоа, рече Ванковска.
Борба против миграцијата со зголемување на минималната плата до 800 евра вети кандидатот на претседател од коалицијата Вреди, Арбен Таравари на вечерашниот митинг во Струга.
- Пред пет години работев за избори за претседател и помогнав на еден човек да стане претседател на државата и тој човек дојде во наше Куманово и рече дека кога вашиот градоначалник ќе испадне, го чекаме да се приклучи. Ќе му одговарам на кумановски, „никад па ни тг“, рече Димитриевски.
Според Ковачевски, опозицијата единствено знае да се откаже, да ги раскара етничките зедници, да се раскара со соседите, да ја заглави државата во изолација и на крај сите да бидат виновни, освен тие.
СДСМ и Коалицијата се единствена опција за европска иднина на државата, наспроти ВМРО - ДПМНЕ кои немаат ниту план, ниту визија, ниту одлучност, ниту волја да го направат тоа, рече претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски на предизборниот митинг во Демир Капија.
Но, додаде тој, опозицијата го блокира патот кон ЕУ, се противи на договорите, со изговор дека ќе направи нови договори, кои наводно ќе биле подобри.