Авион којшто летал од Амстердам до Мексико морал итно да слета на Бермудските Острови, поради миризбата од свињите што се наоѓале во товарниот простор.
Бројот на млади луѓе кои се коцкаат се зголеми на речиси 300.000 во Холандија откако земјата го легализираше онлајн коцкањето во 2021 година, соопшти Холандската управа за игри на среќа.
Историјатот на носењето венчален прстен го има својот зачеток во Древен Египет. Денес тоа е обичај ширум целиот свет и секаде има посебни својства, одлики, особености, значења, симболика.
Харизматичните луѓе се однесуваат како харизмата да е нешто што лесно се постигнува. Но, тоа е вештина што се научи и развива како и секоја друга во животот, според стручњаците. Така, и комуникологот Хенрик Крајевски од Торонто, Канада, смета дека харизмата не е недостижна.
Според научните проценки, таа единка сега има 74 години и се смета за најстарата дива птица во светот. Досега извела дури 60 јајца, а последниве четири години, Виздом мистериозно останала и без својот долгогодишен партнер, па и не несела јајца.
Истражувачи тестирале 89 делфини во Мексиканскиот Залив и откриле дека 30 од нив имаат одредено ниво дрога во своето тело, а 24 биле позитивни и на лек против болки, којшто е 100 пати посилен од „Морфиумот“.
Балканот, според многумина, е „татковината“ на дивоградбите и веќе никој од ова поднебје не се изненадува, на пр., од надградени тераси коишто се среќаваат скоро на секој чекор, пишува порталот „Крстарица“.
За што всушност се работи? Музејот на Градот Загреб ги повика граѓаните да подарат стари новогодишни честитки коишто ги чуваат дома.
Рачно изработена и уникатна реплика на легендарниот Формула-1 болид „Лотус 49" од 1967 година, којшто е во вистинска големина, доби функција на симулатор за видеоигри.
- Трките ќе бидат укинати следниве 20 месеци. Назначен е и Советодавен комитет за вдомување на околу 2.900 тркачки кучиња, изјави Питерс.