Во исчекување на „Анпакд“ настанот на „Самсунг“, каде што ќе бидат претставени предводниците од серијата „Галакси С-24“, јужнокорејската компанија во меѓувреме претстави два други уреди.
Спортскиот теренец „Спортаж“ се најде на врвот на светската продажба за лани, по што следат теренеците „Селтос“ и „Соренто“.
Американските технолошки гиганти „Гугл“ и „Амазон“ во одделни најави соопштија дека ќе отпуштат стотици вработени.
Во Лас Вегас, САД, вчера е отворен годинашниот Саем за потрошувачки технологии - „ЦЕС 2024“, на којшто ќе бидат претставени роботи со вештачка интелигенција, уреди за холограми, егзоскелети како помагала за спортисти и други современи технолошки направи.
Екипата Астон Мартин на 12 февруари ќе го претстави новиот болид AMR24 со кој ќе се натпреварува во новата сезона во Формула 1.
Компанијата „Асус“, со седиште во Тајпеј, Тајван, потврди дека на 16 јануари ќе ја претстави „РОГ фон 8“ серијата „гејмерски“ паметни телефони. Официјалната видео најава беше објавена во декември, а во меѓувреме протекоа и неофицијални подробности за изгледот на моделите „8“ и „8 про“.
„Самсунг“ потврди дека ќе го одржи својот традиционален настан „Анпакд“ (Unpacked) на 17 јануари. Карактеристично за јужнокорејската технолошка мултинационална корпорација, најавата не содржи детали за настанот, но се очекува претставување на новата серија паметни телефони „Галакси С-24“.
Вредноста на платформата „Х“ се намали за 71 отсто откако социјалната мрежи ја купи американскиот милијардер Илон Маск и го преименуваше Твитер, објави американската мултинационална корпорација за финансиски услуги Фиделити, која има удел во платформата.
Од денеска УСБ приклучокот за полнење од типот Ц станува единствен стандарден приклучок за сите електронски уреди во Европската Унија, согласно Директивата усвоено во 2022 година, а која стапи во сила на 1 јануари 2024 година.
Кинескиот производител на паметни телефони „Шјаоми“ го претстави своето прво електрично возило - лимузината „СУ-7“, и веднаш ја објави својата намера да стане еден од петте најголеми светски производители на електромобили.