Апликацијата за пораки Телеграм во 2024 година постигна приходи повисоки од милијарда долари, изјави извршниот директор на компанијата Павел Дуров.
Безжичниот „проѕирен“ „ОЛЕД“ телевизор на „ЛГ“ е пуштен во продажба. Станува збор за телевизор со големина на екран од 195 сантиметри, 4K-резолуција, задно осветлување и технологија за безжичен видео и аудиопренос.
Апликацијата „Тредс“ (Threads) на „Мета“ ја надмина бројката од 300 милиони корисници, а повеќе од 100 милиони луѓе ја користат оваа социјална мрежа секој ден.
Според западни медиуми, „Епл“ (Apple) ќе престане да ги продава паметните телефони „Ајфон 14“, „Ајфон 14 плус“ и „Ајфон СЕ“ во Европската Унија.
„Мајкрософт“ почна со тестови на одредени подобрувања на својата апликација „Фон линк“ (Phone Link) за корисниците на паметните телефони „Ајфон“ (iPhone).
Стручњаците, сепак, велат дека овој квантен чип, засега, во голема мера, е експериментален уред. Тоа значи дека квантен компјутер којшто ќе биде доволно моќен за да реши широк опсег на проблеми - тоа сѐ уште е далеку од готов производ.
Американската компанија „Опен-АИ“ (OpenAI) пушти нова верзија на популарниот чет-бот „Чет-ГПТ“ (ChatGPT) со месечна претплата од 200 долари. Новата алатка е наменета за инженерските области и за истражување. Целта на компанијата е да ја прошири индустриската примена на својата технологија.
Веќе некое време се говори дека „Самсунг“ (Samsung) работи на „Икс-ер“ (XR) очила, па новите гласини од Јужна Кореја велат дека новитетот ќе биде претставен како прототип на настанот „Анпакд“ (Unpacked) во јануари.
Компанијата за развој на вештачка интелигенција, „Опен-АИ“ (OpenAI) ја разгледува можноста да воведе реклами во својот клучен производ „Чет-ГПТ“ (ChatGPT) за да добие нови приливи на средства согласно нејзиното најавено преструктуирање во профитна компанија.
Согласно одредбите од Законот за дигитални услуги на ЕУ, почнувајќи од оваа недела 19 „многу големи онлајн платформи“ и „многу големи пребарувачи“ треба да ги објават своите први годишни проценки на ризик и ревизорски извештаи, соопшти Европската комисија.