Новиот сопственик на Твитер, Елон Маск синоќа соопшти дека платформата повторно го пролонгира воведувањето на претплата од осум долари за добивање на сина ознака (Blue Verified) за автентичност на профилот
Италијанската патека Монца ја прославува 100-годишнината на фирмата за заштита на автомобилски брендови – „Стелантис херитиџ“, со специјална комеморација на „фиќото“ којшто постави голем број рекорди на ова легендарно место и ја популаризираше марката „Абарт“
Британските Кралски воздухопловни сили (РАФ) успешно го завршија пробниот лет на огромен воен транспортен авион којшто користел масло за јадење како гориво, објави „Кликс“
„Фолксваген“ произведе канцелариска фотеља којашто има електричен погон и може да се движи со брзина до 20 километри на час
Производителот на електрични возила „Тесла“ повлекува повеќе од 321.000 возила од американскиот пазар бидејќи задните светла на тие автомобили можеби повремено не работат, се вели во документ објавен денеска.
Почнувајќи од денеска, корисниците на „Ајфон 14“ во САД и Канада можат да ја користат функцијата „Emergency SOS“ за повикување помош преку сателит
Новата пробна ракета на американската вселенска агенција НАСА полета рано изутринава со три кукли во мисија околу Месечината, што по 50 години и завршување на програмата „Аполо“ е првпат да планира да постави празна капсула во орбитата на Месечината
„Порше 911 ГТ2 РС“ од претходната серија 991 сѐ уште е најмоќниот сериски „елфер“ досега, но тоа германската тјунинг-компанија „Манхарт“, сепак, го направи уште помоќен
Вселенскиот авион на Американските вселенски сили, „X-37B“ се врати на Земјата откако мина рекордни 908 дена во орбитата
Американската вселенска агенција НАСА успешно го демонстрираше својот топлински штит за вселенски летала – „ЛОФТИД“ (Летачки пробен децелератор на надувување за ниската Земјина Орбита)