Министерот за здравство и лидер на едното крило на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари вели дека тој ќе поднесе оставка од функцијата, а за останатите функционери од оваа партија очекува да бидат разрешени.
На протестот се приклучија и семејства кои на сличен начин имаат загубено близок член. Мајката на Алек Радуловиќ, којшто загина на 24 април 2021 година вели повеќе од три години е во судскиот лавиринт, но, како што рече, завршницата не ја гледа сѐ уште.
Од Обвинителството не прецизираат за кој поранешен министер за економија и поранешен државен секретар се работи.
Пратеничката Јованка Тренчевска од СДСМ во своето обраќање рече дека судбината на 600 илјади лица кои во следниот период треба да добиваат пензија треба да се стави во рацете на Ремзи Бајрами, кој не ги исполнува условите.
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, денеска и утре ќе учествува на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО, кој се одржува во Анталија, Република Турција.
Како дел од работите коишто се помрднуваат, Камбовски ги посочи јавноста на постапката за разрешување на претседател на Судскиот совет да биде јавна и дефинирање на поимот „истакнат правник“.
Ситуацијата со недостиг на судии во Кочани нема да се реши, а со одлуката за делегирање на еден судија ќе се ублажи состојбата, рече претседателот на Судскиот совет, Александар Камбовски по одлуката на денешната седница.
Основното јавно обвинителство Битола побара од Основниот суд во Битола да донесе одлука за определување привремена мерка – замрзнување на паричните средства во износ од околу 3 милиони евра
Премиерот Христијан Мицкоски, во врска со утрешната посета на Скопје на претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта, истакна дека ќе бидат пренесени нашите ставови во врска со уставните измени.
Министерот за животна средина и лидер на Демократско движење, Изет Меџити на новинарско прашање рече дека се е во ред со владиното работење по најавеното напуштање на Алијанса за Албанците.