Имавме протоколи и упатства коишто беа пишувани 90-те години на основа на тогашните можности и искуства, меѓутоа, на пример електронската дојава не беше воопшто дел од протоколот, туку едноставно само добивањето на информација.
Владата ја доби Предлог-иницијативата за устави измени од Министерството за правда и таа ќе биде разгледана на некоја од наредните седници, информираат за МИА од владината прес-служба.
Во изјава за МКД.мк проф. д-р Сашко Јовев вели дека разбрал за одлуката да биде разрешен од функцијата директор иако за тавко нешто, вепи, освен партиски побуди, сигурно дека не постојат други причини бидејќи резултатите од работата самите по себе говорат.
Aнтикорупционерите не го добиле целосниот договор со „Бехтел и Енка“ од Владата и во доставената документација недостасуваат прилози кон договорот.
Правата на децата се многу важни и нивната заштита и унапредување треба да бидат приоритет за секоја европска држава, порача евроамбасадорот Дејвид Гир, на денешната конференција за промоција на правата на децата.
Осудените добија казна една година и шест месеци, со услов во наредните три години да не повторат делото.
Со света архиерејска литургија во црквата Света Софија во Охрид денеска беше припоена Православната Охридска Архиепископија (ПОА) со Македонската православна црква - Охридска архиепископија.
Овошјето и зеленчукот се безбедни, а резидуи од метали и тешки метали во доматите и краставиците нема, соопшти денеска директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) Николче Бабовски.
На новинарско прашање, Рустеми денеска потсети дека е променет моделот за изградба на патиштата поради повеќегодишното траење на изградбата на клучни инфраструктурни проекти
Тој рече и дека избори ќе има во редовниот термин, прво претседателски избори, а потоа парламентарни избори.