Министерството за труд и социјална политика по изборниот период ќе даде согласност за вработување на негователи или воспитувачи согласно каков кадар ќе има потреба во градинките низ Македонија.
Целосно ќе се изедначат сите придонеси и државната помош за отворање на нови работни места и нови инвестиции во земјава и за домашните и за странските компании.
Над 500-тини пензионери од 40 здруженија на пензионери на Македонија во 11 спортски дисциплини денеска во Кочани учествуваат на 22-рите Републички пензионерски спортски натпревари.
Министерството за внатрешни работи подготвува измени на Законот за полиција со кои, меѓу другото, се исфрлаат од употреба, односно полицијата нема да може да ги користи гумените куршуми и електричните парализатори
Денот на независноста на Република Македонија – 8 Септември (петок) е неработен ден за сите граѓани на државата, соопшти денеска Министерството за труд и социјална политика.
Позитивната атмосфера може да биде само предност на двете страни и верувам дека во соодветен момент ќе се создадат услови да направиме чекор понатаму, а тоа е да разгледуваме варијанти на можни решенија на проблемот, изјави премиерот Зоран Заев.
Премиерот Зоран Заев денеска по повод верскиот празник Курбан Бајрам ја посети општината Арачиново, од каде на сите граѓани од муслиманска вероисповед им го честиташе празникот.
Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, по повод верскиот празник Курбан Бајрам упати честитка до поглаварот на Исламската верска заедница реис-ул-улема хаџи Сулејман Ефенди Реџепи и до сите граѓани од исламска вероисповед во Републиката.
Според податоците на Министерството за образование и наука бројката на запишани првачиња според досегашните податоци со кои располага МОН изнесува 20.437.
Премиерот Зоран Заев денеска по повод верскиот празник Курбан Бајрам ќе ја посети општина Арачиново.